Кафето може да предизвика спонтан абортус

Идните родители што конзумираат премногу кофеин за време на чувствителниот период на развојот на фетусoт имаат поголем ризик од спонтан абортус, покажува истражувањето од Националниот Институт за здравје и Државниот Универзитет во Охајо.

Земајќи ги во предвид податоците од истражувањата за плодност, истражувачкиот тим ги споредил факторите од животните навики како што е пушењето цигари, конзумирањето на кофеин и мултивитамини кај 344 двојки со единствена бременост и тоа во периодот пред зачнувањето до седмата гестациска недела.

Истражувањето покажало дека постојат поголеми шанси за спонтан абортус доколку жената и нејзиниот партнер пиеле повеќе од два пијалаци со кафеин дневно за време на периодот пред зачнувањето. Истото важи и за оние жени што пиеле повеќе од две кафиња дневно до седмата гестациска недела.

Од сите 344 бремености, 98 завршиле со спонтан абортус или околу 28 проценти.

Според тимот истражувачи, конзумирањето на кафеин треба да биде намалено како кај мажите така и кај мажите.

Спонтаниот абортус исто така се поврзува и со возраста на жените, така што жените што се постари од 35 години имаат двојно поголема шанса за спонтан абортус од помладите жени.

Според истражувањето, кај жените што дневно конзумирале мултивитамини се намалува ризикот за абортус. Ако идните мајки земаат мултивитамини во периодот пред зачнувањето, намалувањето на ризикот од спонтан абортус е дури за 55 отсто, а ако продолжат да ги земаат витамините и за време на бременоста степенот на ризик уштен повеќе се намалува.

Истражувањето објавено во магазинот „Плодност и стерилитет“ покажало дека земањето на витамин Б6 и фолна киселина може да го намали ризикот од спонтан абортус како и шансите за да се роди бебе со оштетувања на невронската цевка.