Кафуле каде што „не сакам ништо“ чини 0,5 евра, а вода од чешма 50 центи

Кафулето „Абрако“ во Подгорица, на менито има и ставка „не сакам ништо“, што чини половина евро. Набрзо, штом во регистарот под шифра 119 го вметнале „не сакам ништо“, сакајќи да останат во законски рамки и на државата да и’ платат данок, во локалот се одлучиле и чаша вода од чешма да наплаќаат по 50 центи.

Несекојдневната деловна политика е последица на метежот што гимназијалците секојдневно го прават во кафулето, што е веднаш до дворот на училиштето.

Вработените во локалот тврдат дека учениците кај нив се чувствуваат како дома и често си носат храна и пијалок со себе.
Од воведувањето на новите „услуги“ во кафулето, сега веќе многу ретко гимназијалците нарачуваат „не сакам ништо“ и „чаша вода“.