Магазин

Кафуле во кое се’ е бесплатно, освен времето

Кафуле во кое се’ е бесплатно, освен времето

Во Лондон почна со работа првото кафуле во кое сè е бесплатно, освен времето кое гостите го поминуваат таму, а минута чини три пени.

Станува збор за руски ланец на кафулиња „Зиферблат“ кој сега го доби својот прв објект во Британија.

Гостите на располагање имаат кафе, разни напитоци, бисквити, овошје, зеленчук, сурфање на интернет, па дури и сами во кујна да подготват храна или да направат кафе.

Гостите можат и да отсвират по некоја нота на клавир, пренесува „Гардијан“, а час време од сè она што го нуди објектот чини фунта и 80 пени.