Кафуле за чесни! Се служиш сам плаќаш колку што треба!

Овa кафуле всушност е самопослуга, која функционира потпирајќи се исклучиво на чесноста на луѓето кои го посетуваат.

Ако по некоја случајност се најдете во Северна Каролина и наидете на кафуле „Волт“, веднаш ќе забележите нешто необично, таму нема вработени, пишува српски „Курир“.

Причината за тоа е што “Волт“ е самопослуга, која функционира исклучиво на чесноста на луѓето кои го посетуваат. Сами си го подготвувате чајот или кафето, земате пециво, компирчиња или сладолед, погледнувате кое колку чини на ценовникот и оставате пари на пултот. Посоти читач на кредитни картички и можност за плаќање со чек.

„Она што е неверојатно е да луѓето се навистина чесни. Кога пребројувам колку е купено на крајот од денот, редовно се случува да остават 15 отсто повеќе пари од она што е во ценовникот.“, вели сопственикот на кафулето, отворено минатиот октомври.

„Во оваа заедница, мислев дека чесноста има многу смисол. Изненаден сум што вакво нешто не постоело и порано“, додал тој.