Кагава не се плаши од зголемената конкуренција на Олд Трафорд

Томас Крот, агентот на јапонскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Шинји Кагава, потврди дека неговиот клиент сака да остане на “Олд Трафорд” иако најскапата аквизиција клупската истотија на “црвените ѓаволи”, Хуан Мата му е директна конкуренција кога е во прашање првотимскиот статус.

“Во овој момент, јас со 100% сигурност можам да потврдам дека Кагава ќе остане во редовите на Манчестер Јунајтед. Јас не сум остварил никаков контакт со некој друг клуб, а сите информации кои се појавија во спортските медиуми се чиста шпекулација. Дали трансферот на Мата ќе има некакво влијание врз иднината на Кагава? Не, според мене, Кагава сигурно ќе остане на “Олд Трафорд”, изјави агентот на репрезентативецот на Јапонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.