Каимовски: Јуниор лигата ми даде можност да го покажам најдоброто од мене

Христијан Каимовски е едно од оние момчиња кои по учеството во Вардар Јуниор лигата ракометната кариера ќе ја градат во младинските екипи на Вардар, под водство на тренерот Пепи Манасков. Каимовски по финалето на Вардар Јуниор лигата беше награден како најдобар голман во старосната категорија 2000/2001.

Наскоро почнува новата сезона од најдобриот проект на нашата Ракометна академија, Вардар Јуниор лигата. Околу 600 момчиња и девојчиња во текот на школската година соодветно на возраста ќе се натпреваруваат и докажуваат која школа го има најдобриот тим. А на крајот од сезоната, како и лани, ќе се прогласуваат најдобри стрелци, голмани и играчи во секоја старосна категорија. Дел од минатогодишните учесници годинава повторно се вклучија во лигата, а некои ја искористија можноста да се докажат и веќе станаа дел од младинските екипи на Вардар.

Христијан Каимовски е едно од оние момчиња кои ракометната кариера ќе ја градат во младинските екипи на Вардар. По минатогодишното финале на лигата, Каимовски беше прогласен за најдобар голман во старосната категорија 2000/2001, и тоа откако неговата екипа под водство на тренерот Никола Димовски триумфираше во финалето.

„Вардар јуниор лигата стартуваше како еден голем проект на Вардар, и за мене, како и за сите деца кои се дел од Академијата на Вардар, беше голем предизвик да учествуваме во лигата. Со Вардар јуниор лигата добивме шанса да преку голем број на натпревари да го доказеме сето наше ракометно знаење. За мене и за мојата екипа Урдаревски – Вардар сезоната помина најдобро што можеше. Иако во регуларниот дел на сезоната завршивме на четвртото место, сеоак кога беше најпотребно го покажавме целиот наш квалитет и завршивме како шампиони на генерацијата 2000/2001. Како признание за целиот труд ми беше доделена наградата за најдобар голман која немаше да ја добијам без подршка на моие соиграчи и тренерот Никола Димовски. Во врска со организацијата на самата лига можам слободно да кажам дека се беше организирано на едно високо ниво”, вели голманот Каимовски.

1kaimovski

Христијан кој има 16 години со неговите 190 сантиметри неколку недели подоцна стана и дел од младинската екипа на Вардар. Токму за овој напредок вели дека многу помогнало искуството и натпреварите што ги одигра во Вардар Јуниор лигата.

„На почетоткот на јуни учествував во селекциите за влез во младинските екипи на Вардар и неколку дена потоа ме повикаа од Вардар и ми соопштија дека ќе бидам дел од младинската екипа на Вардар. Бев многу среќен. Почетокот на август ни почнаа подготовките за новата сезона со тренерот Пепи Манасков, кој се труди да го извади најдоброто од нас, и се надевам на многу успешна сезона во дресот на РК Вардар”, вели Христијан.

Уписите за новата сезона на Вардар Јуниор лигата се во тек, а во повеќето школи веќе стартуваа и тренинзи и подготовки за натпреварите. Не ја пропуштајте можноста да се вклучите во најголемиот ракометен настан за деца во Македонија.