Каиро: Вооружени напаѓачи отворија оган врз туристи

Вооружени и маскирани напаѓачи отворија оган врз туристи кои се симнувале од автобус пред хотел во Каиро. Како што јавува „Дејли експрес“ нападот се случил во хотел во близина на пирамидите во Гиза, а била предизвикана материјална штета во хотелот.

Според тамошните власти засега нема информации за повредени или настрадани.

napad-kairo-2

Нападот бил извршен пред хотелот Пирамида. Меѓу туристите врз кои било пукано, имало двајца израелски граѓани. Еден од напаѓачите е  уапсен. Друг е опколен од полицијата по нападот во друг дел од Каиро.

Инаку денес Египетските Копти го слават големиот христијански празник Божик.