Кај 68-годишна баба пронајдено речиси едно кило хероин

Шеесет и осум годишна баба во Србија е уапсена поради сомнение дека пакувала и продавала хероин на подрачјето на Ниш. Во нејзиниот стан полицијата пронашла 19 пакетчиња хероин со вкупна тежина од 890 грама, четири ваги за прецизно мерење и одредена количина марихуана, пренесува Танјуг.

На осомничената и’ е одредено задржување 48 часа, по што ќе биде спроведена пред надлежното обвинителство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.