Свет

Кај будистички монах пронајдени 4,6 милиони таблети метамфетамини

Кај будистички монах пронајдени 4,6 милиони таблети метамфетамини

Полицијата го запрела монахот додека возел низ северната држава Ракајн, која се граничи со Бангладеш, откако властите примиле дојава дека монахот превезува илегален товар.

Во неговиот автомобил припадниците на полициската единица за борба против дрогата пронашле 400.000 таблети, а при претресот на манастирот пронајдени се уште 4,2 милиони таблети, како и рачна бомба и муниција.