Кај гевгеличанец најдени 50 саксии марихуана

Кај гевгеличанец најдени се повеќе од 50 саксии марихуана. Триесет и осунм годишниот К.И. заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 30-ти март годинава, од страна на полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот во кој се пронајдени 51 растение „канабис сатива“ засадени во саксија.

Кај гевгеличанец најдени 50 саксии марихуана
Кај гевгеличанец најдени 50 саксии марихуана

Засадени стебла марихуана беа откриени на 31. минатиот месец од страна на полицијата во близина на земјениот пат кој води од село Бучим кон село Кошево, радовишко.

Откриен насад со марихуана во радовишко

На почетокот на овој месец информира за откриен насад со марихуана во радовишко. Насадот бил во ниско стеблеста жбунеста шума на површина од околу 50 м2 на ограден простор  заштитени со плетена метална мрежа и покриени со зелена мрежа за заштита против град.

Насад со марихуана откриен во Радовиш
Насад со марихуана откриен во Радовиш

Станува збор за марихуана засадена во 16 реда од по околу 8 и 9 стебла во ред, или вкупно 147 стебла од растението, одгледувани на обработливо земјиште. Стеблата се со различна големина  од 1,50 м  до 2,70 м и биле во фаза на цветање.Стеблата марихуана се искорнати и однесени во полициската станица Радовиш за понатамошна постапка.

Полицијата извршила претрес во домот на Г.Е.(27) државјанин на Р.Турција со привремен престој во Република Македонија потоа кај С.С.(38) од Радовиш и кај лицето И.С.(33) од Радовиш.

По  наредба на Јавен Обвинител лицата се уапсени и задржани во полициска станица. Од страна на Судија на Предходна Постапка за Г.Е. донесено е решение за определување на мерка на претпазливост, односно да се јавува повремено во полициска станица во Радовиш и тоа на парни денови во месецот до завршување на претходната постапка, додека за останатите две лица донесени се решенија за определување на мерка на претпазливост со привремено одземање на патните исправи за преминување на државната граница, односно определената мерка на претпазливост да трае се до правосилноста на пресудата. По целосно документирање на настанот против пријавените ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението.