Македонија,Крими хроника

Кај гостиварец пронајдени пакетчиња хероин

Кај гостиварец пронајдени пакетчиња хероин

Кривична пријава и триесетдневен притвор заработи 41-годишниот А.Ш.(41) од с.Добридол, гостиварско поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што соопштуваат од МВР, на 27.02.2015 година во 03,00 часот во Гостивар, на ул.„Борче Јовановски“, А.Ш. кога ги забележал полициските службеници кои  вршеле редовна служба се дал во бегство и во негова близина фрлил една кеса.

Од страна на полициски службеници А.Ш. е фатен и приведен во ПС, а при извршениот преглед на местото на настанот пронајдена е кесата со 25 пакетчиња со непозната прашкаста материја најверојатно хероин.

Пронајдените пакетчиња се подигнати и предадени за вештачење.