Кај кумановец пронајдени 165 парчиња пиротехника

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ф.(27), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 30.12.2014 година, во Куманово на ул. „Трета Македонска Бригада“ во непосредна близина на зелениот пазар, од страна на полициски службеници извршен е преглед над пријавениот, при што се пронајдени 165 парчиња пиротехнички средства.