Кај напаѓачот на Амди пронајдени ножеви, палка и панцир

СДСМ нема мандат, ниту овластување да говори во име на Министерството за внатрешни работи, велат од МВР.

Оттаму потврдуваат дека вчера околу 15:30 часот пријавено е дека на „ Кеј 13 ти Ноември“ пред Управната зграда во ГТЦ на пратеник од Собранието на Македонија, кој бил заедно со уште едно лице, во еден момент им се доближил А.Т.(29) од Струмица, по што истиот започнал вербално да го напаѓа, упатувајќи му навредливи зборови на пратеникот.

Полицијата излегла на лице место и разговарала со лицата.

Извршен е преглед во возило „Шкода Октавија“ управувано од А.Т. при што во истото биле пронајдени два ножа на расклопување, една палка на расклопување и еден заштитен елек.

Против лицето А.Т. поднесена е пријава за нарушен јавен ред и мир.

Од страна на СВР-Скопје до Основното Јавно Обвинителство проследен е предметот на натамошно постапување.