Кај охридски дилер најдени 72 грама марихуана

Кривична за дилер од Струмица
Кривична за дилер од Струмица

Триесет и деветгодишниот Н.М. од Охрид доби кривична пријава бидејќи кај него биле пронајдени 72 грама марихуана.

Пријавениот на 19.02.2014 година набавил одредена количина марихуана со цел препродажба на наркозависници од Охрид и Струга, а дел и за лична употреба.

Следниот ден пријавениот е забележан на паркинг просторот кај градскиот пазар и притоа кај него пронајдени се 72 грама марихуана.