Кај скопјанец пронајдени 38 семки канабис

Дваесет и деветгодишниот Т.Д. од Скопје доби кривична пријава поради недозволено држење и тргување со наркотици.

Полицијата извршила претрес во домот  во кој пријавениот времено престојувал во с.Горно Барбарево, пробиштипско при што истиот е затекнат и пронајдени и одземени се 38 семки од растението канабис.