сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Кај Струмица откриени 17 мигранти од Сирија

migranti-2

Последни вести

Полицијата вчера во 23 часот при контрола на возило „Рено Еспејс“ со скопски таблички на местото викано „Свидовичка раскрсница“ во близина на Струмица откриле 17 мигранти од Сирија од кои седум деца.

Како што информира МВР, полицијаците стопирале две патнички моторни возила „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (32) од Скопје и „Рено Еспејс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М. (34) од Скопје. Од извршената контрола и преглед во возилата во возилото „Рено Еспејс“ биле пронајдени 17 лица мигранти од Сирија, од кои 10 возрасни и седум деца. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Струмица.

По наредба на Јавен обвинител во 4:45 часот И.М. е предаден на Полициската станица за општа надлежност Струмица за понатамошна постапка, додека А.Б. е ослободен.

Мигрантите ќе бидат спроведени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Најчитани вести