„Кај Талат на Илинден 59 души, исто колку што го избраа за претседател“ – шеговито подбивање за илинденскиот дебакл на СДСМ

Граѓаните со голем интензитет го коментираат илинденскиот дебакл на Владата на Заев и СДСМ.

Реакциите на социјалните мрежи се жестоки, прецизни и креативни после комплетното фијаско на одбележувањето на Илинден на Мечкин камен и Пелинце во организација на Владата на СДСМ.

Вчерашните прослави на Пелинце и Мечкин камен поминаа со најслаба посетеност во историјата, и доколку на Мечкин камен некој би рекол дека посетеноста е слаба затоа што говор одржуваше нелегално избраниот претседател на Собранието Талат Џафери, со дебаклот кој се случи и на Пелинце кај меморијалниот дом на АСНОМ, е јасно дека граѓаните решија да направат голем удар и да пратат силна порака до СДСМ дека капитулантските договори како тој со Бугарија немаат поддршка од народот, пишува порталот „Курир“, пренесува НетПрес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.