Сопрен автомобил со 21 илегален мигрант, возачот побегнал

Вчера во 22.30 часот  на автопатот од село Удово за Демир Капија, во близина на објектот на Македонија пат – село Удово, од страна на полициски службеници  поради контрола било сопрено патничко возило „крајслер војаџер”.

Како што информира МВР, возачот се дал во бегство, а во возилото се затекнати 21 илегални мигранти.

Истите се приведени во полиција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.