петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Кај жител од Кочани пронајдени производи за растенија забранети за употреба

Кај него се пронајдени едно пакување од 16 литри Trend 20 EC + Keyich и девет пакувања по 60 грама Crax со турска декларација.

средства

Последни вести

Државниот инспекторат за земјоделство ќе поднесе кривична пријава против В.К. од Кочани кој нелегално чувал производи за заштита на растенија кои се забранети во Македонија.

Кај него се пронајдени едно пакување од 16 литри Trend 20 EC + Keyich и девет пакувања по 60 грама Crax со турска декларација.

– Нелегално поседување (чување) на забранети производи за заштита на растенијата (опасни материи), кои се пласира на пазарот и употребуваат, како и нивни активни супстанции кои се вклучени во производот и не се одобрени на територијата на Република Македонија е спротивно на Законот за производи за заштита на растенијата и спротивно на член 232 Кривичниот законик – неовластено производство, постапување (ракува, користи, одржува, чува, пакува, препакува, употребува) и промет со опасни материи (спротивно на прописите превезува, увезува, извезува) или други опасни материи или нивни отпадоци, опасни за животот или здравјето на луѓето или за животинскиот или растителниот свет, се наведува во соопштението од Државниот инспекторат за земјоделство.

Најчитани вести