Кај жители на скопско Кучевиште најдени оружје и муниција

Две пушки, еден пиштол, една граната за ракетен фрлач, три рачни бомби, две запалки за рачни бомби, една димна бомба, 544 куршуми калибар 22 мм, 205 куршуми калибар 7,62 мм, 80 куршуми калибар 5, 56 мм и 126 куршуми непознат калибар. Ова е оружјето што полицијата го пронајде во домот на двајца жители на скопско Кучевиште.

Како што информира МВР, СВР Скопје поднесе кривична пријава против  Н.Н.(32) и Р.Н.(66) двајцата од с.Кучевиште – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Од страна на полициски службеници во средата бил извршен претрес во домот на пријавените при што споменатото оружје било пронајдено и одземено.

Од страна на Судија на претходна постапка на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од по 30 дена.