Кајли Миног ќе се омажи за 20 години помладото момче

Австралиската џебна Венера, Кајли Миног ќе вплови во брачните води со 20 години помладиот вереник Џошуа Сас. Двојката по веридбата што се оддржа во февруари одлучи да се венча во јули.

Свадбата ќе се одржи во Италија, а поканите наводно веќе се испратени. Инаку поради рабитните обврски двојката живее разделено. Џошуа во моментов е во Грција, а Кајли е во Лондон. По венчавката планираат заедничко патување.

Тој е фантастичен маж, а разликата во годините не ја забележуваме, рече Кајли која смета дека тие двајца се судени еден за друг, без разлика дали е тоа на хартија или не.

Исто така двојката планира да основа и семејство, а Џошуа веќе го има 2-годишниот син Себастијан со поранешната девојка Франческа Ќини.