Кајмакоски доживеа сообраќајна несреќа

Македонскиот поп пејач Даниел Кајмакоски попладнево имал сообраќајна несреќа. Неговото возило, марка „Мини морис“ како што соопшти „Канал 5“ е целосно уништено, а пејачот нема потешки повреди.

Незгодата се случила околу 16.00 час на крстосницата од бул.Гоце Делчев , во близина на трговскиот центар „Мавровка“.

За оние што незнаат, возилото Кајмакоски го доби како подарок откако победи на српското шоу на „Х-фактор“. Оваа победа беше пресвртница во кариерата на Кајмакоски.