Кајмакоски ќе се дружи со своите фанови во Градски парк

Даниел Кајмакоски денеска во 14 часот во Градскиот парк ќе се дружи со своите фанови.

На фан страницата на Кајмакоски пишува: „Сонциња ве чекам во 14 часот во Градски парк на дружење, гушкање, сликање!!! Ве молам за смирена и опуштена атмосфера за да можеме убаво да се видиме !! :))) ве Сакам многу и едвај чекам, кажете им на сите кои што сакаат да дојдат“.