Кајмакоски нема да пее во Скопје, му забрани продукцијата

„Даниел Кајмакоски нема да гостува на специјалниот концерт кој Кики Лесендриќ го организира заедно со „Пилоти“, а беа најавени и ѕвездите на Х-Фактор. Ова е официјалното соопштение кое пристигна до нашата редакција од МБК продукција која ја има лиценцата за Х-Фактор,“ пишува www.vistina.mk.

„По демантот по повод концертот на Кики Лесендриќ и групата Пилоти закажан за 14 март, во арената „Борис Трајковски“, кој МБК продукција го испрати и нагласи дека не станува збор за концерт на финалистите на Х фактор, одредени македонски медиуми, а и на официјалниот сајт за продажба на билети на организаторот на концертот „Балкан медија“, се уште се најавува како концерт на Кики и Пилоти заедно со финалистите на Х Фактор.

МБК Продукција поради новонастанатата ситуација одлучи на споменатиот концерт како специјални гости да присуствуваат финалистите нa Х Фактор , но само од групата на Кики Лесендриќ: Тамара Милановиќ, Илма Карахмет и Александра Брковиќ, поради веќе воведената пракса секој ментор да ги промовира своите кандидати.

Споменaтите финалисти ќе го поддржат концертот на Кики Лесендриќ, а оваа можност ќе ја искористат да ги повикаат сите љубители на ова популарно шоу да дојдат на спектакуларното финале во Комбанк Арената во Белград кое ќе се одржи на 23 март.

Покрај многубројните прашања на новинарите и обожавателите на ова музичко шоу, ја известуваме јавноста дека музичката турнеја на финалистите на X Фактор ќе се одржи по завршувањето на првата сезона на најпопуларното музичко шоу на Балканот, во април месец оваа година,“ се вели во соопштението што продукцијата го испратила до овој наш медиум