Кака лут поради коментарите дека мисли само на пари

Изнервиран од постојаните коментари дека мисли само на пари и дека поради таа причина ја има прифатено понудата на новиот американски клуб, најголемата ѕвезда во дресот на Орландо Сити, поранешниот репрезентативец на Бразил, Рикадо Кака, откри дека на неговата адреса пристигнала уште побогата понуда, но парите не ја играат главната улога кога е во прашање неговата фудбалска кариера.

„На крајот од изминатата сезона почнав да размислувам и на таа тема. Дали да останам во Милано, дали да се вратам во Бразил или да се преселам во САД. Не ми беше лесно, донесов тешка одлука, но јас сум убеден дека фудбалот за неколку години ќе биде спорт број еден и во САД. Да, добив одлична понуда, богата понуда, но добив уште побогата понуда, на друго место ќе заработев многу повеќе пари. За мене, клупскиот проект е на прво место. Играв за Милан шест сезони, за Реал (М) четри сезони, девет години го носев репрезентативниот дрес на Брази. Проектот е секогаш на прво место”, изјави Кака.