Кака очекува пласман во Лига Европа

И покрај очајните резултати во актуелната сезона, бразилскиот интернационалец Рикардо Кака е убеден дека италијанскиот калчо гигант Милан може и во следната сезона да биде дел од Европа, но ќе мора да се задоволи само со настап во најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

“Јас верувам, верувам дека Милан и во новата сезона ќе се натпреварува во Европа. Сепак мора да бидеме реални и да кажеме дека Лигата на Европа е реалност за Милан, а не Лигата на шампиони. Се што треба да направиме е да мислиме од натпревар за натпревар. Има промена во нашата игра. Играме се подобро и подобро, најчесто конечниот резултат е во наша корист. Ми се допаѓа Сидорф, ќе биде голем тренер. Си има посебен стил на работа, посебна филозофија. Последните неколку резултати најдобро покажаа дека добро ни влијае неговата филозофија”, изјави повремениот репрезентативец на Бразил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.