Кака со гол во 90-та минута донесе бод за својот нов тим

Бразилскиот репрезентативец и поранешен освојувач на Златната топка, Рикардо Кака имаше одлично деби во дресот на својот нов клуб Орландо.

Во првото коло од Источната конференција на МЛС Орландо одигра 1:1 во мечот против Њујорк Сити, а токму Кака беше спасителот за домаќините, откако со гол во судиското надополнување го спаси неговиот тим од пораз.

Поранешниот ас на Милан и Реал Мадрид постигна гол од слободен удар и уште на самиот старт покажа дека ќе биде огромно засилување за екипата на Орландо.

Инаку на овој натпревар свое деби имаше и Давид Виља, кој иако не постигна гол, сепак беше асистент на погодокот кој го постигна Дискеруд.