Какаото го забавува стареењето

Какаото може да го забави стареењето и да ве подмлади, барем кога се работи за вашето помнење, тврдат новите истражувања.

Научниците веруваат дека флаванолите, антиоксиданти кои се наоѓаат во какаото, можат на луѓето над 60 години да им дадат помнење какво што имаат луѓето со 30 и 40 години.

Медицинскиот центар на Универзитетот Колумбија во Њујорк ја спроведе оваа студија со цел да се проучи влијанието на какаото врз слабеењето на помнењето. Постарите луѓе често забораваат ситни нешта, но тоа по се’ изгледа може да се реши со одредени промени во исхраната.

Во оваа студија учествувале 37 волонтери на возраст од 50 до 69 години. Тие биле поделени во две групи, една група која пиела пијалоци со високо количество на флаваноли (900 милиграма), додека другата група пиела мало количество (10 милиграма).

После три месеца, групата која внесувала поголемо количество на флаваноли имала далеку подобра визуелна меморија и општо подобро помнење.

Учесниците кои на почетокот на оваа студија имале помнење кое е типично за 60-тите години на животот, на крајот на студијата имале помнење кое е карактеристично за личности на возраст помеѓу 30 и 40 години. Токму затоа, стручните лица им препорачуваат на луѓето да пијат доста какао, со цел да ја подобрат својата меморија. Сепак, оваа студија не се занимавала со влијанието на какаото вез деменцијата.

– Оваа студија покажува како флаванолите од какаото влијаат врз помнењето во текот на краток временски период, но секако би требало дополнително да се испита нивното долгорочно дејство. Тогаш со сигурност ќе може да се знае дали може храната која е богата со флаваноли значајно да го подобри помнењето во староста – вели доктор Сајмон Ридли од британското Здружение за истражување на Алцхајмерова болест.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.