Свет

„Асошиејтед Прес“ објавува ВИДЕО: Како 9.000 цивили загинаа во битката за Мосул?

ВИДЕО: Како 9.000 цивили загинаа во битката за Мосул?

Илјадници цивили повеќе загинале во битката за ослободување на ирачкиот град Мосул од разни терористички и екстремистички групи, отколку што тоа претходно било наведено во разните извештаи, открива американската новинска агенција „Асошиејтед Прес“, пренесува НетПрес.

Претпоставките се дека најмалку 9.000 цивили, од кои најголем дел млади луѓе, биле убиени во борбите со припадници на „Исламска Држава“, но и на други терористички групи.