Како бебињата ги разбираат мајките?

Научниците од Универзитетот Кардиф спроведоа истражување врз едногодишни бебиња и на нивните реакции на зборовите на мајчин и на странски јазик и резултатите покажаа дека сите бебиња не реагираат исто.

Бебињата го разбираат тоналитетот на гласот со кој им се обраќаме во првите месеци, а не зборовите.

Она што го заклучиле научниците е дека на бебињата им е важен тонот на гласот со кој им се обраќате, а не што говорите.

Авторката на истражувањето, д-р. Мередит Гатис нагласува дека се додека бебињата не ги разбираат вашите зборови, потребно е да се обрне внимание на тонот со кој им се обраќате затоа што на тој начин тие емотивно ги разбираат вашите зборови.