Како беше на минатите „Златни денови“ во Кратово!? (ФОТО)

Од 2014 години во Кратово се организира една од најубавите културни манифестации, „Златни денови“. Како изминуваа годините, со настапите на познати македонски и балкански музичари и пејачи оваа манифестација прерасна во своевидна сензација која ја посетуваат луѓе од цела Македонија и Балканот.

Во 2014та година настапија составот Оџила, ѕвездите од Х Фактор, вклучувајќи го и Даниел Кајмаковски, Маид Хечимовиќ, Доктори и Тамара. Голем број на луѓе сè уште се сеќаваат на првата години која беше исполнета со врвна елација и доживување.

Бајага и Инструктори, Виолета Томовска, Елена Ристеска, Влатко Илиевски, Блага Петреска, Јордан Митев, Атина Апостолова настапуваа во 2015та година и ја зацврстија славата и името на „Златни денови“. Втората вечер во 2015та беше најспецифична досега затоа што беше посветена на македонската музичка легенда Јонче Христовски. Неговите песни беа испеани од неговите пријатели од македонската естрада.

Во 2106та година Кратово беше исполнет со музика од Бора и Рибља Чорба, Миле Кузмановски, Ефто Пупиноски, Кате – Нели ти реков, Круме Спасовски, Етно група Монистра, Трио Гранде, Европски Тамбурашки Етно Фестивал, хорот на Златно Славејче, Дани Димитровска, Тајзи и Спејко и Влатко Илиевски. Три вечери кои повторно потврдија дека „Златни денови“ е исклучителен настан за сечиј вкус.

Традицијата на “Златни денови“ во Кратово продолжува и оваа година. Феноменални балкански и македонски ѕвезди ќе ги исполнат улиците и мостовите со своите песни и настапи, а забавата ќе продолжи во доцните часови на Базен Кратово. Манифестацијата традиционално ќе ја води единствената, Лила Стојановска. Се очекува посетителите да уживаат во прекрасната атмосфера и музика и да бидат понесени од еуфоријата која ја носат изминатите години.