Како бесрамниот лажго стана капацитетен човек? Заев повторно лаже и се плука себеси! (ВИДЕО)

Имено, пред помалку од година ипол, Талат Џафери за Зоран Заев беше бесрамен лажго кој на отворена сцена ја манипулирал јавноста со невистини. Сега, истиот тој Талат Џафери од истиот Зоран Заев е претставен како искусен и капацитетен човек кој ќе внел нов дух во Собранието.

dzaaaaa

Во октомври 2015-та година, Зоран Заев го отфрли како неточно тврдењето на Талат Џафери дека предлог законот за забрана на поседување и објавување на прислушуваните материјали бил доставен и за него знаеле од СДСМ.

– Со почит кон господинот Џафери, ќе кажам дека тој бесрамно излажа. Може да ме демантира. На крајот, постои и неутрална страна како амбасадорот Бејли, амбасадорот Орав и господинот Питер Ван Хауте, кои може да кажат што навистина било Предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е спроведување цензура слично како во најстрогите режими, рече Заев тогаш.

dzaferi640

Година ипол подоцна, ставот на Заев за Џафери е дека сега Џафери бил капацитетен човек, кој што го знаел Парламентот, имал искуство и ја знаел парламентарната демократија.

-Господинот Џафери поседува најголемо искуство во работењето на Парламентот и верувам дека има одлични шанси точно и тој да биде. Јас демократ човек сум, сакам заедно сите аргументи на маса. Мене ми е важно сите потенцијални партнери да имаат унисоно гледање, да пееме во исти хор, на еден исти начин. Мене ми е важно, а и на мојата политичка партијата да биде капацитетен човек, кој што го знае Парламентот, кој што има искуство, ја знае парламентарната демократија, рече Заев во своето гостување во Дневникот на Канал 5 завчера.

Прашањето кое сосема легитимно се поставува е кој Заев лаже, дали оној Заев од октомври 2015 година кога тврдеше дека Џафери е „бесрамен лажго“, или пак Заев од март 2017-та година кога вели дека Џафери е „капацитетен човек“? Дали Заев е навистина растроен и не знае што говори или притисокот и уцените врз него се толкави што самиот мора да лиже онаму каде што плукал?

Дополнително, не само што Зоран Заев жестоко го напаѓаше Талат Џафери, туку и медиумите под контрола на СДСМ/Сорос ја користеа секоја прилика за да го омаловажат и да му докажат каде му е местото. Па така, речиси сите соросови медиуми пишуваа дека Талат Џафери бил кривично осудуван, нарекувајќи го контроверзен човек кој бил осуден на казна затвор за спречување полицаец во вршење на неговата работа.

По инцидентот во Тетово, како што објавија медиумите на СДСМ, Џафери ја напуштил Македонија, но бил уапсен на враќање на влез во државата, на граничен премин со Косово. Бил задржан седум дена во притвор, од кој бил ослободен на 20 мај 2008 година.

osudu

После сето ова, се добива впечаток дека ветувањето за реализација на тиранската агенда станува се потолема обврска и поголем товар на грбот на Зоран Заев и СДСМ. Прашање е уште колку вакви срамни договори ќе мора да проголта и Заев и СДСМ само за да се дограби до власт и на тој начин да се спасува од одговорноста.

najcevska

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.