Како би изгледале Дизни ликовите во реалноста

Финскиот уметник Јирка Ватаинен, кој работи во Мелбурн, ги прикажа принцовите од Дизни во сосема поинакво светло.

Низ фотографија тој покажа како би изгледале овие Дизни карактери во реалниот живот.

Илустрациите му се инспирирани од реални фотографии, кои се обработени со фотошоп со цел да изгледаат пореално.

1

2

3

4

5

6

7

8

 

Животните на Дизни како луѓе

 

dizniПретходно тиум на американската онлајн информативна компанија „Базфид“ изработи видео клип на кој некои прикажани се некои од jунаците на „Дизни“ во ново светло – ликовите животни како луѓе.

Со оглед на тоа дека повеќето од јунаците на анимираните филмови на Дизни се животни, тимот на „Базфид“ оценил дека би било интересно да се види како тие би изгледале како луѓе.

Тимот за таа цел изработил видео клип во кое сите карактеристики на животните во филмовите се претворени во човечки ликови.

 

Пронајден исчезнатиот цртан филм на Дизни

Цртан филм за кој се веруваше дека е изгубен е пронајден во декември минатата година на северот на Норвешка.

Станува збор за првиот божикен цртан на Дизни „Празни чорапи“ од 1927. година.

Цртанот е пронајден во инвентарот на библиотека во северна Норвешка, во близина на поларната зона.

На почетокот не знаевме дека станува збор за изгубено филмско богатство. Цртаниот филм немаше назив, вели архивистот на библиотеката, Кјетил Квале Соренсен.

volt-dizni-miki-maus-rojters-1355480476-241331-620x396Идентификација на цртаниот филм кој трае 5.30 минути направил Дизниевиот цртач и експерт за стари цртани филмови, Дејвид Герштајн.

Изврпшена е дигитализација на цртаниот филм, а копијата е испратена на компанијата Волт Дизни.

Норвешките медиуми тогаш наведуваа дека сеуште не е познато како цртаниот филм завршил на Северниот пол.