Како босански полицајци се справуваат со странци (ВИДЕО)

Оваа видео снимка е вистински хит. На неа се гледа како босанскиполицајци се справуваат со странци.

“Кој не гледал, не знае што е смешно”, пишуваат оние кои го споделуваат видеото преку социјалните мрежи, а станува збор за (не)познавање на англискиот јазик на локалните полицајци.

“Лајт” не ти беше ОН, веројатно во превод на англиски треба да значи дека возачот возел без светла. Меѓутоа, нема да откриеме се’, најдобро е да го погледнете видеото.

“Неверојатно е какви луѓе имаат работа, а колку паметни луѓе седат дома”, тврдел еден интернет корисник кој мисли дека полицајците мора да го познаваат англискиот јазик.

“Должност на странците е да научат неколку основни зборови и фрази кога патуваат во друга земја”, гласи еден коментар.