Анализи

Како „Црна коцка“ ги уништи плановите на Сорос за уривање на Орбан

Како „Црна коцка“ ги уништи плановите на Сорос за уривање на Орбан

Израелската приватна разузнавачка компанија „Црна коцка“ (Black Cube) која е вмешана во скандали во САД и Европа,  за време на предизборната кампања во Унгарија тајно ги снимал средбите со претставници на невладините организации, кои потоа унгарскиот премиер Виктор Орбан ги цитирал, открива бриселскиот портал „Политико“.

Поранешниот агент на компанијата вели дека луѓето кои работат за “Црна коцка” во периодот меѓу декември 2017 и март 2018 година, под лажни идентитети контактирале со унгарскиот невладини организации и поединци поврзани со американскиот бизнисмен од унгарско потекло, Џорџ Сорос.

Снимките од овие разговори, кои прво почнаа да се појавуваат во „Ерусалим пост“ и во дневниот весник „Маѓар Идоко“, кој е контролиран од страна на Владата на Унгарија, три недели пред почетокот на изборите во април во Унгарија, Орбан ги користел за напад врз независните граѓански организации во последните денови од кампањата, појаснуваат од „Политико“.

Според неодамна обелоденета изјава на Трејси Ахерн, поранешен шеф на финансии на Соросовиот фонд, милијардерот нарачал квази-платенички сили од најмалку 2.000 луѓе со мисија да постигнат тројна цел- да ја соборат владата на Орбан, уривање на пограничната ограда и промоција на имиграцијата во Унгарија, напишал во еден случај портпаролот на унгарската влада, Золтан Ковач на својот блог.

За протечените „планови на Сорос за уфрлање негови луѓе во унгарската влада“ зборуваше и самиот Орбан во интервјуа пред изборите.

Политиката на „Црна коцка“ е никогаш за своите клиенти да зборува со трета страна и никогаш да не ги потврди, ниту ги негира сите шпекулации во врска со работата на компанијата, изјави портпаролот на „црна коцка“ за Политико.

Како што истакнал портпаролот , „црна коцка“ секогаш функционира во целосна согласност со јурисдикцијата во која работи, следејќи го правниот совет на водечките светски правни фирми.

Инаку, “црна коцка”, според нејзиниот поранешен оперативец, за прв пат „оперирала“ воочи изборите во некоја земја за време на унгарската кампања.
Двајца неименувани извори блиски до оваа фирма велат дека не знаат кој платил за операцијата, ниту, пак, дали унгарската влада била вклучена во неа.

Луѓето кои се состанувале со претставници на унгарската НВО и ги снимале разговорите со нив користеле европски и арапски лажни имиња, но барем двајца од нив зборувале со нагласен израелски акцент, наведуваат луѓето во невладините кои се сретнале со нив.
Состаноците биле закажувани во хотели и луксузни ресторани во Будимпешта, Виена, Амстердам, Лондон и Њујорк, а компаниите за кои агентите на „Црна коцка“ тврделе дека ги претставуваат, всушност не постојат.
Оперативците на израелската компанија користиле лажни налози на Линкедин и веб страниици кои ги гаснеле веднаш по завршување на средбите, а повеќето од телефонските броеви ги исклучувале во наредните недели.

Во два случаи лидерите на унгарските НВО ги контактирала жена која се претставила како Ана Бауер, а во еден случај таа жена се претставила како вработена во фирмата „Taуро капитал“, а „Црна коцка“ овие имиња во минатото ги користел за различни проекти.

Сепак, Орбан не е единствениот кој ги користел услугите на израелската компанија, па „Црна коцка“ соработувала со познатиот холивудски продуцент, Харви Вајнстин за кого стапила во контакт со актерката Роуз Мекговен, која го обвини за силување, потенцира „Политико“. Вајнстин, всушност, ја ангажирал „Црна коцка“ за да собере информации за актерката, како и за новинари кои истражуваат за него, а израелската компанија подоцна се извинила за таа операција, за која прв пат напиша „Њујоркер“.

Весникот, исто така, навел дека оперативците на израелската компанија, под лажен идентитет и како претставници на непостоечки компанија, испраќале мејлови на членовите на семејствата на функционерите во администрацијата на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, кои учествувале во преговорите со Иран, но тоа „Црна коцка” го негираше.

„Политико“ наведува дека истата компанија била ангажирана и на други места во Европа, како на пример во Романија.

“Црна коцка” е составена од претежно млади аналитичари и оперативци кои претходно работеле за израелската разузнавачка служба, објаснува лицето кое работело за таа фирма.

Иако оваа компанија често од страна на медиумите се опишува дека е поврзана со националната разузнавачка агенција на Израел, „Мосад“, всушност повеќето од вработените се поранешни војници кои работеле за разузнавачкиот сектор на Министерството за одбрана на Израел, вели соговорникот на порталот.