Како цвеќето во вазна подолго да трае?

Сите сакаат цвеќето во вазна што е можно подолго да трае, бидејќи го украсува и го збогатува просторот.

Основното правило, кога купувате цвеќе е да погледнете дали цвеќето е свежо што лесно може да се утврди врз основа на неговиот изглед. Вазната во која ќе ставите цвеќето треба да биде добро измиена и исполнета до една третина со вода од чешма. Пред да се стави цвеќето во вазна, треба да се почека за водата да добие собна температура.

Од цвеќето задолжително треба да се отстранат долните лисја за да се спречи гниењето. На овој начин, се елиминира и супстанција што го спречува отворањето на пупки. Секое стебло треба да се скрати за половина сантиметар или два, и тоа под вода, така што воздухот нема да може да влезе во спроводните садови и да го отежни движењето на водата до пупките.

Количеството на вода зависи од видот на цвеќе во вазната. Розите, каранфилите и хризантемите сакаат многу вода, а за лалиња и гербери доволно е да се пополни една третина од вазна. На Герберите водата им се менува секој ден, бидејќи испуштаат слуз, а на лалињата само треба да им се долева вода. Добра идеја е во вазната повремено да се стави аспирин, со цел да се спречи формирањето на бактерии кои предизвикуваат гниење на стеблото.