понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 51

Како да добиете јаболчници како на филмските ѕвезди?

maleficent-2014-angelina-jolie-movie-1920x1080

Поврзани вести

Овој тренд го воведоа црно-белите филмови со остри контрасти и сенки на лицето, па филмските ѕвезди од овој период биле првите носители на трендот на високи јаболчници,откако медиумите и холивудот не преплавија со модели за убавина.

Анџелина Џоли имаше можеби најизразени јаболчници во филмската индустрија глумејќи ја злобната вила во дизниевиот филм „Maleficent“. И покрај негативната улога која ја толкувала многумина мислеле дека Анџелина е поубава од кога и да е токму поради јаболчниците кои во филмот требало да ги нагласат острите црти на лицето (и уште поостриот карактер) на главната глумица. За оваа прилика Анџелина немала импланти туку станува збор за специјална 3Д шминка. Анџелина, инаку,покрај полните усни, е позната и по убави и високи јаболчници.

Нагласени јаболчници денес,освен како дар на мајката природа и контурирање на лицето со шминка, можат да се добијат со разни естетско-медицински процедури. Ви ги презентираме овие постапки, со приказни за познатите жени кои го прославија ( и поставија) трендот на високите јаболчници.

ФИЛЕРИ

Кетрин Хепберн е жената која ја раздвижи опсесијата за драматични јаболчници.Специфичната конструкција на коските на лицето на Кетрин на црно-белите фотографии и филмови давала прекрасен ефект на игрите на сенки на лицето.
untitled

Хијалуронските филери не биле познати во времето на Хепберн, па во тоа време жените кои не биле обдарени со ваква убавина можеле само да воздивнуваат. Денес со филери можат да се корегираат јаболчниците. Ова е безбеден и наједноставен начин за зголемување на јаболчниците, но и најкраткотраен по резултатите. Skinfill на Promoitalia се квалитетни филери со соодветна густина и конзистенција за контурирање на лицето, а нивната трајност е 6-9 месеци.
ПРЕСАДУВАЊЕ НА МАСТИ

Софија Лорен ги имала тие јаболчници, но и усни и очи, кои шеесетите години од минатиот век ги жареле и палеле машките срца и женската завист. Софија своите прекрасни јаболчници не ги изгубила ниту кога остарела, иако е познато дека изразеноста на јаболчниците се губи со стареењето. Зошто? Со прераспределбата на мастите во зоната на лицето, јаболчниците ја губат истакнатоста, а снимки со скенер докажуваат дека дури и коските со текот на времето се повлекуваат. Како резултат имаме „испиен” изглед на лицето.
sofija

Трансфер на сопствените масти е трајно и одлично решение да добиете јаболчници како на Софија Лорен. Мастите се земаат од делови каде што ја има доволно, стомак или нозе, на пример, и по обработката се вбризгуваат во длабоките слоеви на кожата на лицето. Иако често е потребно мастите да се дополнат повеќе пати, третманот дава оптимални, природни и трајни резултати.
РАЗГРАДЛИВИ КОНЦИ

Кејт Бланшет има јаболчници кои се во прв план кога ќе ја погледнете, а сепак се толку складни со обликот и другите црти на нејзиното лице. Ускладувањето е нешто кон кое тежнееме кога сакаме да изгледаме поубаво, па доколку се решите за зголемување на јаболчниците, барајте таква процедура со која јаболчниците нема да изгледаат неприродно на вашето лице.

kejt

Лифтинг на лице со конци овозможува подигање и разубавување на јаболчниците. Патентираната метода на Promoitalia со Happy Lift конците ви овозможува да добиете нов,младешки и посакуван изглед. Ќе ве потсетиме дека не станува збор за тн. мезоконци кои даваат волумен и подобар тонус на кожата, туку за хируршки конци кои исто така се разградуваат, но имаат и разновидни “боцки” кои се закачуваат на ткивото и го подигаат, со ефект на прав лифтинг.
ШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ?

Изборот на процедурата е најдобро да ви ја предложи докторот, откако ќе ги послуша вашите желби и ја согледа структурата на вашето лице, неговата симетрија и вашите години. Доколку не сте сигурни како би изгледале со поголеми јаболчници, пробајте го привременото решение со филери. Доколку сте во години, можеби јаболчниците не се единствено решение за вашата младоликост, можеби некоја од фејс лифтинг процедурите би ве направиле задоволни, а со таа операција може да се редефинираат и јаболчниците.

Олгица Стојимировиќ, сопственичка на Anti Aging Center by PROMOITALIA

Олгица Стојимировиќ, сопственичка на Anti Aging Center by PROMOITALIA

 

 

 

 

 

 

 

Најчитани вести