понеделник, 23 јануари 2017  |  Вести денес: 59

Како да доживеете 100-ка? Ракијата и здравјето

rakija

Последни вести

Луѓето кои повремено пијат, според некои истражувања се поздрави и живеат подолго од оние кои никогаш не пијат или од алкохоличарите. Една ракија на ден делува превентивно на дијабетесот, ревматичниот артритис, остеопорозата, каменот во бубрег, стресот и депресијата, Паркинсоновата болест, хепатит А, ангина пекторис, а добра е и за помнењето.

Треба да се знае како се пие ракија. Не треба да се претерува, треба да се ужива во нејзината боја, мирис, вкус и да се пие во умерена количина…

Тинктура од ракија:

Оваа тинктура овозможува подобро снабдување на ткивата со кислород, ја намалува вискозноста на крвта, ја намалува можноста за создавање на згрутчувања во крвта, делува на отпорноста и еластичноста на крвните садови, ја намалува нивната пропустливост, ја отстранува болката во нозете…Исто така го намалува нивото на триглицеридите и холестеролот во крвта и поволно влијае на функцијата на црниот дроб.

Состојки за една доза:

50 грама цветови од невен

100 грама рузмарин

100 грама госпина трева

100 грама темјан

100 грама семе од коприва

1 литар ракија

Начин на подготовка:

Сите состојки добро да се измијат и ситно да се исечкаат. Потоа се мешаат со ракијата во стаклено шише кое потоа треба добро да се затвори. Оставете го шишето да отстои 15 дена на сонце или на топло место, но не забавајте секој ден да го промешате неколку пати. По овој процес,  напитокот процедете го низа цедалка или газа и лувајте го во стаклено шише.

Напитокот се конзумира по една супена лажица наутро пред појадок и навечер пред спиење.

Најчитани вести