Како да доживеете оргазам без партнер и мастурбација?

Размислувањето за секс и за другите работи што вообичаено не возбудуваат ги стимулира истите делови од мозокот што ги стимулира и мастурбацијата или гениталната стимулација.

Д-р БериКомисарук, професор по психологија на Универзитетот Руџерс и  автор на книгата Науката за оргазмот ги откри резултатите од една студија во која се испитани жени кои тврдат дека можат да постигнат оргазам само додека размислуваат за тоа, без никакви дополнителни физички стимулации!

Во текот на истражувањето, на испитаниците им се вршело мерење на крвниот притисок, пулсот, проширувањето на зениците и чувствителноста на болка (затоа што за време на сексот прагот на толеранција на болката кај жените е повисок од вообичаеното), и сите параметри се мерени како за време на постигнување оргазам со мастурбација, но и за време на наводното постигнување оргазам додека размислуваат за него.

Преку споредување на резултатите, д-р. Комисарук дошол до заклучок дека жените навистина можат да постигнат оргазам само со размислување за тоа.

Размислувањето за секс и за другите работи што вообичаено не возбудуваат ги стимулира истите делови од мозокот што ги стимулира и мастурбацијата или гениталната стимулација, вели тој.

Ова истражување, како и многу слични пред него потврди, дека мислите се навистина моќни и имаат многу силно влијание на активноста на мозокот и дека е можно да доживееме некои работи поттикнати само од мислите.