Магазин

Како да дознаете кој ве избришал од листата на пријатели на Фејсбук?

Како да дознаете кој ве избришал од листата на пријатели на Фејсбук?

Не се работи за некаков трик на самиот Фејсбук туку за надворешна, бесплатна апликација што се вика „Who Unfrieded Me“.

Користењето на оваа алатка е мошне едноставно. Само треба да ја симнете од AppStore или од Google Play. По инсталацијата потребно е да се логирате на вашиот Фејсбук профил и до вашите пристапни податоци.

Во мошне едноставното мени прво нема да пишува ништо, но штом некој ќе ве „тргне“ од листата на пријатели ќе добиете известување што ќе ве предупреди за тоа. Доколку таа личност подоцна повторно ве врати на листата на пријатели, апликацијата ќе ве информира и за тоа.