Како да ги остварите вашите новогодишни желби

Направете листа од сите ваши желби и осмислете го планот што ќе ви помогне да ги реализирате. Така во текот на целата година ќе имате потсетник на она што навистина ви е важно и ќе можете да следите како напредувате во остварувањето на вашите соништа.

  1. Мотивацијата е клуч за успехот

Новогодишните одлуки како што е „одење во теретана“ или „откажување од пушење“, често не опстојуваат подолго од еден месец, затоа што луѓето се уверени дека на таквите планови можат да се вратат секој понеделник.

Од друга страна со донесувањето сериозни одлуки, што се клучни за вашата кариера и живот, како што е промената на професијата што ќе ви овозможи подобра заработка во самиот старт си ветувате себе си дека конечно ќе направите нешто големо за себе и следната година ќе имате со што да се пофалите или за што да славите.

Внимавајте да не ја направите најчестата грешка, па да посакате нешто што не е реално. Поставете си себе со високи цели со кои што ќе се мотивирате во текот на целата година да работите на нивна реализација со цел на крајот да бидете наградени со она што сте го исполниле.

  1. Зголемете ги сопствените шанси за среќа – усовршувајте се

За да го промените работното место, па и професијата, за да напредувате на подобра позиција и да почнете да заработувате подобро, односно за да ги зголемите сопствените шанси за успех, мора да ги поседувате сите потребни предиспозиции, односно знаења и вештини за напредување.

Остварете ги вашите цели со квалитетен план
Остварете ги вашите цели со квалитетен план

Затоа е важно постојано да се усовршувате. Вложувањето во образованието секогаш се исплаќа, посебно во случаите кога стекнатите знаења можете да ги искористите за добивање на подобро работно место што гарантира поголема плата.

Во последните неколку години истражувањата покажуваат дека оние што работат во ИКТ секторот најлесно доаѓаат до нови работни места, тие имаат најмногу плата, па ако сакате подобра заработка, би требало таму да се насочите.

  1. Акција! Вереме е да го најдете посакуваното работно место

Сигурното и добро платено работно место е една од најчестите новогодишни желби, но за да стане реалност, потребно е да преземете одерени чекори.

Кога го правите планот за пронаоѓање на саканото работно место треба добро да размислите каде имате најголеми шанси за успех. Со оглед на фактот дека, во моментов тоа е ИКТ секторот, и дека потребата за професии од овој тип е најголема, јасно е дека шансата за подобар живот треба да ја барате токму во овој сектор.