Како да ги преполовите месечните трошоци за храна?

Како да ги преполовите месечните трошоци за храна?
Како да ги преполовите месечните трошоци за храна?

Трошоците за наминици често се многу високи, но може да се контролираат бидејќи тоа не се сметки кои ви доаѓаат секој месец, а кои отприлика секогаш се исти. Ова се некои совети како да ја контролирате сметката за храна.

Не пазарете често

Ако поминете помалку време во продавници, помалку ќе потрошите. Сетете се кога последен пат сте отишле да испазарите само неколку работи? Сте ги купиле само тие намирници кои ви требаат или сте потрошиле повеќе од очекуваното и сте купиле и работи кои ви изгледале примамливо, или пак биле на попуст па не сте сакале да ја испуштите таа можност? Тоаим се случува на сите. Затоа пазарете полека. Ако во продавница одите трипати неделно, обидете се да одите само еднаш, а потоа сведете го тоа на еднаш месечно.

Понесете калкулатор

Определете си себе с буџет за секое одење во продавница, а за да се држите до него, понесете со себе и калкулатор. Кога ќе ги внесете соберете цените на намирниците, свесни сте колку тоа чини и двапати ќе размислите дали од тоа што сте го ставиле во корпата ви е навистина потребно или не.

Плаќајте во готово

Оваа тактика можеби не ви се допаѓа, но верувајте дека функционира. Кога плаќате во готово наместо со картичка, тоа ве тера да се држите до определениот буџет, бидејќи навистина гледате колку сте потрошиле и колку пари ви останале во паричникот.

Купувајте напирници кои се на намаление

Секој викенд, маркетите имаат попусти на одредени производи. Искористете го тоа.

Не го шетајте целиот маркет

Најголем дел од продавниците имаат политика чокоадите, гумите за џвакање или бомбоните да бидат позиционирани кај касите, за да ви бидат на дофат. Ладилниците во кои се наоѓаат месото и млечните производи се во одвоен дел,  козметиката во друг итн.  Најдобро е да одите само таму каде се наоѓаат намирниците поради кои сте дошле во продавницата.

Купувајте помалку месо

Еден од начините да ја намалите сметката за храна е да купувате помалку месо. Обидете се наместо месо, да испазарите зеленчук. Ако сте голем љубител на месото и не можете да замислите оброк без него, обидете се барем неколку дена во неделата да го исфрлите месото од вашето мени и ќе видите дека тоа ќе се одрази и на месечниот износ кој го трошите за храна.

Купувајте производи од помалку познати производители

За да дознаете каков е вкусот на некојпроизвод, треба да го пробате. Не се воздржувајте да пробате евтин производ или помалку познат производител. Тоа што е евтино не значи дека не е со добар кваитет.

Направете сезонска залиха

Некогаш е важно кога сте купле, а не од каде. Кога купувате сезонски, тоа е добар начин да направите залиха. Купените производи ставете ги во замрзнувач за да ја задржите нивната свежина. Секој месец, маркетите за прехрната нудат различни попусти. Така можете да купите повеќе за помалку пари и да ви траат намирниците подолго.

Направете дома

Што повеќе можете да направите дома, тоа ќе се одрази на вашиот буџет. Вашата креативост одредува и тоа колку јадења можете да направите од намирницте кои ви се дома. Ако знаете да правите и леб, нема да мора да купувате секој ден. Дома, освен леб можете да направите и тортиљи, кои ќе ви испаднат многу поевтини од оние кои ќе ги купите во маркет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.