Како да ги препознаете мажите што со години немале секс

Ова е поопасен тип. Се работи за мажите што ја негираат вистината и склони се на самозалажување. Во друштво се претставуваат како големи заводници, љубовници без граници кои имаат голем успех кај жените во нивното окружување и подалеку. Заправо, сите нивни љубовни потфати немаат сведоци.

Обично раскажуваат бајки како ги одвоиле најубавите странки на летувањето во Закинтос, како имаат несовладлив сексуален апетит… Во јавноста секогаш даваат впечаток на смирени и кул ликови што се контролираат.

Тие се мошне уверени дека облеката е важен детал на секој сериозен љубовник, многу време поминуваат на интернет во потрага за победнички изглед што ќе им ја донесе наклонетоста на припадничките на понежниот пол. Секогаш се воздржани и извештачени. Целиот живот ги следи грч. Обично првото љубовно искуство го имаат по 20-тите години и тоа со дамите чијашто љубов се плаќа.

  1. Имам девојки, но ми бегаат

Тие се енигма, крстозборка и судоку во едно. Благодарение на добрата приказна и ставот на кул лик, успеваат од време на време да одвојат некоја припадничка од поубавиот пол. И тоа не затоа што се неодоливи, туку затоа што нашите жени се очајни поради фактот дека на пазарот секогаш владее голем дефицит на добри фраери.

И наместо да ја користат таа предност на новото доба, тие се ќе упропастат. Веќе по првиот бакнеж тие скокаат врз жената. По таквотот искуство, 99, 9 отсто жени ќе побегнат со уверување дека мажите се лоши. Не без причина. Сепак, како што уопштувањето секогаш било кратенка до предрасудите, дамите го менуваат мислењето по неколку месеци.

Во машкото друштво овој тип се фали со неговите донжуански потфати. Тој е одличен теоретичар, а со праксата стои малку послабо и нема женски пријатели.