Како да ги ублажите симптомите од сончаница?

Сончаницата е еден облик на топлотен удар, а настанува како резултат на директно изложување на главата и тилот на сонце.

Симптомите се покачена телесна температура (до 42 степен), црвена кожа на лицето, забрзано работење на срцето и краток и забрзан здив. Во полесните случаи се јав ува главоболка, проблеми со видор, вртоглавица и поспаност, а ако овие смптоми се игнорираат, со понатамошно изложување на сонце следува омалаксаност, зуење во ушите, проширени зеници и на крај кома и смрт.

Кај сончаницата поради силните топлотни бранови доаѓа до прегревање, па организмот испраќа повеќе крв  под кожата и во мозокот обидувајќи се  да се избори со петераната температура од околината. Тогаш доаѓа до промена во крвниот притисок затоа што срцето работи забрзано, а во потешките случаи  доа ѓа д набабрување на мозокот поради преголемото количество крв што се обидува да го олади.

Кај сончаницата е мошне важно да се реагира брзо. Првата помош се ладни облоги, престој во студена и затемнета просторија, а ако дојде до несвестица треба да се почека итната помош, а заблениот да се став и да лежи настрана и да го ослободите од вишокт облека и да го ставите под студен туш, но водата не стреба да биде ледена.

За заздравување ќе бидат потребни неклку дена, па важно е да не се излегува на сонце, да избирате храна што лесно се вари, а се препорачува да се зема храна што  б рзо и ефикасно ќе  ги надополнат течностите и електролититите. Тука спаѓаат сезонското вошје и зеленчук, пред се лубеница, диња и краставица.

На следната страница прочитајте кои се петте продукти што треба да ги консумирате за да ги намалите симптомите на сончаница…