Како да ги заштитите децата на Интернет

Сурфањето по Интернет може да биде неверојатно забавно и корисно, но и многу опасно. На децата им се заканува опасност од разни натрапници, но постои начин како да ги заштиитте од тоа.

Прв знак е ако детето поминува многу време онлајн, особено навечер. Причина за грижа може да биде и ако забележите дека детето гледа порнографси содржини бидејќи педофилите често на тој начин се обидуваат сексуално да им се приближат на децата.

Исто така, сигнал за грижа е и ако забележите дека детето често и долго зборувана телефон со некој кој вам не ви е познат. Имајте на ум, дека педофилите честопати на децата им го даваат својот телефонски број, но кога деттео ќе им се јави, лесно го дознаваат телефонот на детето.

Знак дека детето е мета на напаѓач може да бидат и мејлови, писма или подароци кои вашето дете ги добива од некој кој вам не ви е познат. Педофилите честопати на овој начин се обидуваат да ги заведат децата.

Обрнете внимание на тоа и дали вашето дете брзо се обидува да се сврти или да го сокрие мониторот кога ќе влезете во собата. Доколку непристојно ја гледа содржината или работи нешто што не би требало, сигурно ќе сака тоа да го соктие од вас.

Како да го заштитите детето?

Сведоци сме на тоа дека на Интернет има содржини кои не се соодветни за деца, но решението не е во тоа да им забраните пристап. Наместо тоа, разговарајте со вашето дете и објаснете им зошто никако не смеат да се допишуваат со странци.

„Четувањето“ и социјалните мрежи се идеална можност децата со други да ги споделат своите интереси, но и наивно да откријат информации кои би можеле да ги донесат во опасност. За да ги намалите шансите вашето дете да се најде на мета на некој манијак, предложете му на Интернет да го користи само име или прекар, наместо цело име и презиме. Исто така, потсетете ги никому да не ја даваат својата адреса и телефонски број, името на училиштето во кое,  да не испраќаат фотографии на непознати и да не договараат запознавање со некој кој го знаат од Интернет.

Ако сепак не сакате да се потпрете само на надежта дека детето ќе ги послуша вашите совети и ќе биде внимателно кога ќе сурфа на Интернет, постојат многу програми кои ќе ви помогнат да ги заштитите.

Може да ги блокирате непримерните содржини, но, секако, би било добро и да го надгледувате детето што пребарува на Интернет.

Исто така, секогаш можете да ја прегледате историјата на отворени страници, барем додека децате се уште не знаат да бришат. Можеби мислите дека не е во ред на овој начин да ги шпионирате децата, но нивната безбедност сепак е на прво место.

Добра идеја е копјутерот да ви биде во дневната соба, на пример, наместо во детска, бидејќи на таков начин подобро ќе го надгледувате.

Deca-kompjuteri