Како да ги заштитите вашите коса и кожа на плажа

За време на летниот период косата осветлува, а кожата потемнува. Меѓутоа колку и да го сакаме летото, во овој период потребно е и дополнително да внимаваме на негата на нашата коса и кожа.

Бронзениот тен, иако изгледа убаво може да биде и закана за здравјето, доколку е постигнат неправилно.

Прочитајте ги овие совети како правилно да негувате коса и кожа во летниот период.

Во кој период (не) треба да се сончате?

Во периодот од 11.00 до 16.00 часот препорачливо е да не се изложувате на сончевите зраци, бидејќи во овој период сонцето е најсилно. Прекумерното изложување на сонце е голем ризик за здравјето, ги оштетува влакната на еластинот во кожата и предизвикува нејзино оштетување, но и предвремено стареење.

Како да се заштитите?

Телото има чувствителни делови кои не смеете да заборавите да ги заштитите доколку се изложувате на сонце. Таков е случајот со кожата околу пазувите, задниот дел од колената, очните капаци и деловите од кожата под костимот за капење кои многумина забораваат да ги заштитат. Задолжително користете лосион со соодветен заштитен фактор кој ги штити клетките на кожата и е погоден за сите видови на кожа. Лосионот треба да има минимум 15-ка заштитен фактор за возрасни, а за децата заштитниот фактор треба да изнесува минимум 30.

Превенција од изгореници на кожата

Доколку се соочите со изгореници на кожата, употребувајте препарати кои имаат својство на ладење и хидратација, како и смирувачко дејство. Овие препарати освен што ќе ве заштитат од оштетувања предизвикани од изложување на сончеви зраци, ќе ви помогнат во случаи на иритација и повреди.

Во случај на полесни изгореници треба да внесете течности и да се истуширате со студена вода. Доколку пак чувствувате треска, гадење или ви се појавиле плускавци, задолжително обратете се на лекар.

За крај, не заборавајте дека умерената изложеност на сонце е најдобриот начин за постепено добивање на тен и долготрајност на истиот.