Секс

Како да го доведете до лудило во кревет?

Како да го доведете до лудило во кревет?

За мажите секој секс е добар, само да е секс. Но, тоа не значи дека и тие немаат омилена поза, место или нешто што ги возбудува. Секој маж на прашањето која е неговата идеална партнерка за во кревет, нема да одговори да е слаба, да нема целулит или нешто слично. Одговорот е да биде слободна и доволно дива да експериментира во сексот.

Па еве неколку поинакви совети за добар секс, сигурно ќе има многу девојки кои нема да се плашат да ги пробаат.

1. Долен облека…

Додека сте излезени со друштво, скришно бутнете му гаќички во џебот. За да не ве издаде и изреагира со глупаво прашање, одма шепнете му што сте направиле. После ова, цела вечер ќе ве соблекува со поглед и одвај ќе чека да си заминете дома.

2. Валкана кујна

Подгответе му палачинки. Оставете сам да јаде. Вашата палачинка ќе ја изедете покасно. Намачкајте го неговото тело со крем, нацртајте некоја фигура со чоколадниот прелив, и на крај наредете ги бананите на градите. Фрлете се на јадење. За да го изведете ова, ви се потребни повеќе услови, и секако дозвола од партнерот. Доволно е само едно овошје за да се постигне целта.

3. Кутија со накит

Бисерите освен како накит можете да ги употребите и како играчка во креветот. Соблечете се гола, а само на вратот ставете бисери. Бакнете го во уста за да се занесе и да мисли дека случајно сте ги заборавиле на вас. Неочекувано прекинете со бакнувањето. Симнете ги бисерите од вратот и со нив почнете да го милувате по телото. Меките и нежни бисерни топчиња ќе му дадат извонредна масажа на интимните точки.

4. Секс игрички

Отидете кај него со букет од пет цвета. Земете еден цвет и галете го со него. Прво задржете се на лицето, особено на усните. Потоа земете нов цвет со кој ќе ги галите неговите нозе и раце. Следниот цвет искористете го да го галите неговиот стомак и гради. Четвртиот цвет се знае е за најбитниот дел, тука особено треба да внесете повеќе фантазија. Петтиот, ставете го во вазна да го потсетува на незаборавната ноќ.