Како да го облечете бебето за време на летните горештини?

Високите температури создаваат маки и потешкотии и за возрасните, но и за бебињата до една година. Еве како да му олесните на вашето бебе – што да му облечете, на што да внимавате…

Треба да имате на ум дека ако сеуште го доите бебето, ќе му треба почесто доење, а измеѓу поддојувањето можете да му дадете вода во лажичка. Доколку не го доите бебето, тогаш почесто давајте му вода затоа што бебињата и децата нема да ви кажат дека се жедни.

Кога станува збор за облека, најдобро е на бебињата да им облечете памучни пантолони или бенкици во посветли бои и со густо ткаење. Кога надвор е мошне топло, доволни им се само пелена и бенкица без ракави.

Обавезно на децата на главата ставете им шапка, а водете сметка и за заштитата на нивните очиња – на малечките можете да им ставите очила за сонце, но само оние што имаат сертификат за нивото на заштита за да не ризикувате да им го оштетите видот.

Ако детето носи пелени, не заборавајте да ги менувате почесто од вообичаено, но и покрај задолжителното бањање да ги одмивате, за да избегнете осипи на кожата што се вообичаени во текот на летните денови.

Ако излегувате надвор, обавезно нанесете му на детето крема со заштитен УВ фактор и секако избегнувајте малечките да ги вадите надвор за време на топлотните бранови.

Кога шетате потрудете се децата, особено бебињата до една година секогаш да ги држите во сенка, а кога станува збор за патувања, никако не ги прекривајте седиштата со пешкир или со памучно ќебе затоа што тоа го спречува движењето на воздухот.

Исто така, водете сметка клима уредот во автомобилот, или во станот, односно домот, да не е насочен кон детето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.