понеделник, 24 април 2017  |  Вести денес: 47

Како да го победите сонот и да се наспиете само за четири часа?

Сонот што се состои од неколку фази често се поврзува со еден од најбрилијантните имиња во светот на уметноста и пронаоѓач на ерата на ренесансата, Леонардо да Винчи. Му требало долго време за да ги развие своите идеи – време што често го немал.

spienje-27-mart-540x320

Последни вести

Овaa методa за спиење е создадена од Леонардо да Винчи, кој тврдел дека никогаш не се чувствувал уморен.

Сонот што се состои од неколку фази често се поврзува со еден од најбрилијантните имиња во светот на уметноста и пронаоѓач на ерата на ренесансата, Леонардо да Винчи. Му требало долго време за да ги развие своите идеи – време што често го немал. Сакал да искористи максимално време за работа, а минимум спиење.

Планот има за цел да го „раздели“ нормалниот период на ноќен одмор на неколку делови – или повеќе фази, што доведе до практиката на спиење неколку пати во текот на денот.

Така, Да Винчи спиел по 15 минути на секои четири часа. Како резултат на тоа, тој спиел само еден час и половина дневно.

Времето што го заштедил на одмор почнал да го користи за креативна работа. Да Винчи велел дека ја користел оваа метода многу години во својот живот, и никогаш не се чувствувал уморен.

Познато е дека на физиолошки план, најпродуктивното време за работа и креативност, го следи периодот на спиење. Тоа е време кога капацитетот на еден човек да работи е особено висок. Кршењето на будната состојба на секои четири часа со краток период на одмор доведува до зголемување на капацитет за работа, што е директна последица на паузата.

Годините пракса и експериментирање на оние кои го следеа примерот на Да Винчи, доведоа до тоа порталот Брајт сајд да избере некои од најпопуларните видови сон во повеќе фази:

Спиење за 30 минути на секои 6 часа (метод Dymaxion);

Спијат 20 минути на секои 4 часа (метод Uberman);

Спиење во текот на ноќта 1.5 – 3 часа, а потоа три пати на ден за 20 минути (метод Everyman);

Спиење во текот на ноќта 2 часа и 20 минути, едно попладне (метод Тесла)

Спиење во текот на ноќта од 5 часа и 1,5 часа во попладневните часови (метод Сиеста).

Сепак, треба да се има на ум дека телото на секој чове е различно, и различните видови на повеќефазен сон не се за секого.

Експертите предупредуваат дека ако се планирате да практикивате ваков распоред работа-одмор, да не возите автомобил или да не донесуваат важни одлуки додека не сте апсолутно сигурни дека лишувањето од сон нема некои споредни ефекти.

Може да се каже дека овој аранжман има смисла во краток рок кога ќе имате многу работа, но не засекогаш. Сонот е мошне важен за нашиот ум и тело, а само една непроспиена ноќ не може да се надополни.

Најчитани вести