Како да го продолжите животот на омилениот парфем

Доколку сакате да го продолжите животот на вашиот омилен с треба да се придржувате до следните седум правила.

1.Нанесете го оној парфем кој по неколку минути не го чуствувате на себе. Тогаш мирисот е идеален за вас и ненаметлив за околината.

2.Нанесете толку парфем за личноста да ве почуствува, но не и целата околина. Ако личноста која стои на неколку чекори од вас кажува дека и понатаму прејако мирисате, можеби и сте претерале.

3.Нанесете парфем на подрачја каде се чуствува отчукувањето на срцето – на почетокот на вратот, на внатрешниот дел од зглобовите на рацете, лактите, коленото и зад вратот.

4.Во текот на денот користете екстремно свеж парфем, особено ако работит со луѓе во затворена просторија. Силниот парфем оставете го за вечерни прилики.

5.Ако сакате вашиот парфем да трае, тогаш користете лосион за тело со истиот мирис како парфемот. Парфемските мириси надобро се задржуваат на влажна кожа.

6.Немојте да правите облак од парфем, па потоа да поминете низ него,  бидејќи мирисот ќе биде изгубен.

7.Немојте да користите еден парфем. Во својата козметичка торбица чувајте неколку различни парфеми и користете ги според сезоната, приликата или расположението. Чувајте ги на темно и на ладно место, тала парфемот ќе ви трае подолго.